Последните шпекулации во англиските медиуми велат дека италијанецот Сандро Тонали, е на врвот на листата на желби на Ливерпул за следното лето. Тонали продолжува да импресионира во дресот на Милан, а на дуелот со Динамо Загреб во Лигата на шампиони ја доби наградата за играч на натпреварот
Менаџерот Јирген Клоп е голем фан на играта на Тонали, кој има цврстина и доволно креативност да биде мотор во средниот ред. Наводно, Клоп ќе му дозволи на Наби Кеита да си замине бесплатно од клубот следното лето, бидејќи постојано е повреден.
Тонали има договор со Милан до јуни 2025 година и неговата цена на трансфер пазарот изнесува околу 50 милиони евра. Милан веројатно нема така лесно да се откаже од својот голем талент.