Ливерпул синоќа го совлада Тотенхем со 2:1 во дербито на 13. коло од Англиското фудбалско првенство.
Стрелци на головите за домаќините беа Мохамед Салах во 26. и Роберто Фирмино во 90. минута, погодокот за Тотенхем е дело на Сон Хеунг-Мин во 33. минута.
По овој триумф, Ливерпул со 28 бода го презема врвот на табелата во Премиер лигата каде до пред ова коло се наоѓаш токму Тотенхем кој остана на 25 бода.
На другите средби одиграни вчеравечер постигнати се следниве резултати:
Арсенал – Саутемптон 1:1
Лидс – Њукасл 5:2
Лестер – Евертон 0:2
Фулам – Брајтон 0:0
Вест Хем – Кристал Палас 1:1.