Англискиот шампион може да остане без најважниот бонус од трансферот на бразилскиот репрезентативец во Барселона.

При трансферот на Кутињо во Барселона во 2018 година стои клаузула според која каталонците мораат да му платат на Ливерпул 20 милиони евра доколку Бразилецот одигра повеќе од 100 натпревари за шпанскиот тим.

Кутињо воопшто не ги оправда вложените средства во него, но на почетокот од сезоната со доаѓањето на Роналд Куман за главен тренер, се сменија работите и Бразилецот редовно настапуваше за Барселона. Но, кон крајот на минатата година Кутињо се повреди и денеска му беше извршена операција на менискусот по што три месеци ќе отсуствува од терените.

Ова значи дека Барселона најверојатно нема да му го исплати бонусот на Ливерпул бидејќи Бразилецот до повредата имаше 90 настапи за каталонците, но се очекува да го пропушти остатокот од сезоната и потоа да биде продаден.
Во 90. настапи за Барселона, Кутињо постигна 23 гола и имаше 14 асистенции.