Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис утре ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
Ландсбергис ќе оствaри средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи на која, како што соопшти МНР, ќе стане збор за македонскиот евроинтегративен процес и конкретната литванска поддршка на тој план, за регионалната соработка, безбедносните прашања во светло на руската агресија врз Украина, како и за подготовките за НАТО Самитот во Мадрид.
Покрај средбата со Османи, предвидено е литванскиот министер да оствари средби и со заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе биде примен и од претседателот на државата Стево Пендаровски.