Повеќе од 60 проценти од новите случаи на коронавирус во главниот град на Португалија, Лисабон, се должат на варијантата Делта, што за првпат е откриена во Индија, јави ДПА, повикувајќи се на Националниот здравствен институт.
Поради стравувањата од зголемување на заразените со тој сој, Лисабон од петокот е во блокада, што ќе заврши утрово. За време на периодот на заклучување, на 2,8 милиони луѓе кои живееја во градот им беше дозволено да ги напуштат своите домови само поради итни причини.
Влегување во главниот град е дозволено само во посебни околности.
Во зависност од ситуацијата, властите ќе одлучат дали да воведат ваква блокада на крајот на следната недела – од 25 до 28 јуни.