Снимањето на специјалното издание од хит ситкомот „Пријатели“, кое го очекуваме уште од минатата година, конечно започнало, така барем вели Лиса Кудроу.
Таа гостуваше во подкастот на актерот Роб Лоу, каде изјави дека веќе снимила неколку сцени за време на претпродукцијата, додека снмањето ќе започне на почетокот на пролетта.
Засега се уште нема детали за тоа кога специјалното издание ќе се појави на „HBO Max“, бидејќи снимањето беше одложено неколку пати поради пандемијата.
Сите актери се враќаат во специјалот – Џенифер Анистон, Метју Пери, Лиса Кудроу, Мет Лебланк, Кортни Кокс и Дејвид Швимер.
Деталите од заплетот се уште не се познати, а не се знае ниту името на специјалот. Сигурно е дека ќе се снима во истото студио во кое е снимен и оригиналот, но дали повторно ќе зачекориме во познатиот стан на Моника, останува непознато.
Да се потсетиме, токму со тој стан кој всушност тогаш беше празен завршува последната епизода од хумористичната серија која денес ја следи трета генерација на гледачи. Иако е снимена од 1994 година до 2004 година, оваа серија и сега е една од најгледаните на Нетфликс.