Актерката Лили Џејмс ја игра улогата на Памела Андерсон во серијата „Pam and Tommy“, а Себастијан Стен го игра нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли.
Имено, фотографите го следат секој чекор на 32-годишната актерка, за која многумина тврдат дека е премногу посветена на нејзината нова улога и дека многу личи на славната Плејбој зајачица.
Деновиве таа снимаше сцени во кои ја глуми Памела за време на снимањето на серијата „Baywatch“, па скокна во познатото црвено бикини, а Лили наводно обожава да ги носи имплантите на градите бидејќи тоа ѝ помага целосно да се соживее со улогата што ја толкува.
„Лили одлично се забавува на снимањето и навистина ужива во секој момент во улогата што ја игра. Таа исто така обожава да се облекува како Памела, а особено да носи неколку броеви поголеми гради тоа ѝ помага целосно да се поистовети со Андерсон“, изјави пријател на сè попопуларната актерка.
Серија за бракот на Памела Андерсон и Томи Ли: Актерката нема намера да ја гледа