Британската пејачката Лили Ален изјави дека во минатото консумирала опијати за да ја намали телесната тежина, пишува „Сан“.

Ален изјави дека станала зависна од „Адерал“, бидејќи се чувствувала несигурна додека била на турнеја со Мајли Сајрус. Таа сметала дека Сајрус е помлада и поубава од неа.

Се омажив на 24 години. Шест месеци откако се роди мојот син, останавме без пари и моравме повторно да се вратиме на работа, бев млада и воопшто не се чувствував како поп-ѕвезда“, изјави пејачката.

Instagram
Instagram

Почнав да ја користам оваа дрога наречена „адреал“, со помош на која ослабев, за потоа да станам зависник затоа што ме тераше да се чувствувам непобедлива и можев да работам со часови“, раскажува таа.

Instagram
Instagram

Потоа завршив на турнеја во Америка, поддржувајќи ја Мајли Сајрус, а тоа беше многу „секси“ турнеја а јас ги поминав последните три години туркајќи бебиња… Ја поддржував оваа девојка која беше многу помлада и попривлечна од мене“, изјави пејачката која почнала да експериментира на сите начини.

Лили претходно откри дека го изневерила сопругот Сем Купер за време на таа турнеја низ Америка, вклучително и со ескорт дами.

Instagram
Instagram

Таа за подкастот „The Recovery“ изјави дека размислувала да земе и хероин, и кога дошла до тој степен едноставно знаела дека треба да оди на рехабилитација.

Почнав да го изневерувам сопругот и секогаш кога не земав дрога, пиев алкохол… Бев во Лос Анџелес и размислував дека ништо од ова веќе не функционира, можеби треба да пробам хероин“, вели таа.

Instagram
Instagram

Но, бидејќи знаела што се случува со луѓето кои земале хероин, знаела дека е време да се спротивстави на „сопствените демони“ и да побара помош.

Instagram
Instagram

Лили Ален има две деца со Купер, а сега е во брак со актерот Дејвид Харбор со кој се венча во Лас Вегас, минатата година.