Лил го реши на гостински терен Лориен со 1-4 во рамките на 26. коло од Лига 1.

Жосе Фонте во 38-та и Жонатан Икон во 59-та минута на Лил му ја донесоа победата, а Домогој Брадариќ ја завери во 90+1-та минута, откако Лориен претходно во 120 минути даде два гола, прво автогол за водство на противникот во 21-та преку Гравилон, за во 23-та Херголт да израмни.

Лил останува на врвот на табелата во домашниот шампионат со 58 бода односно три повеќе од Лион и четири од Пари Сен Жермен кој вечерва во дербито на колото го пречекува Монако. Лориен останува 18. со 23 бода.