Супарон Вачараплуесади (Supaporn Wacharapluesadee), научник од Тајланд, е специјализирана за „лов на вируси“. Таа раководи со научниот центар за заразни болести на Тајландскиот Црвен крст во Бангкок. Во изминатите 10 години учествуваше во Predict, глобална програма за откривање и запирање на болести што можат да се шират од животни на луѓе. Заедно со нејзините колеги, таа собра примероци од многу видови, но нивниот главен фокус беше на лилјаците, за кои е познато дека носат многу коронавируси.

Таа и нејзините соработници успеале да ја откријат болеста за само неколку дена, откривајќи го првиот случај на ковид 19 надвор од Кина.

Profimedia

Додека светот се справува со проблемот на ковид-19, Вачараплуесади веќе се справува со следната пандемија. Најголем број заразни болести се јавуваат во Азија. За време на земањето примероци од илјадници лилјаци, Вачараплуесади и нејзините соработници откриле многу нови вируси. Најчесто откриле коронавируси, но и други смртоносни болести што можат да се пренесат на луѓето.

Тука спаѓа вирусот нипа. Овошните лилјаци се неговиот природен домаќин.

Тоа е голема закана затоа што за него нема лек, а стапката на смртност е висока“, вели Вачараплуесади. Стапката на смртност од вирусот нипа е од 40 до 75 проценти, во зависност од местото на избивање на епидемијата.

Постојат неколку причини зошто нипа е толку опасна. Долгиот период на инкубација (во еден случај, наводно, до 45 дена) значи дека заразениот домаќин може да го шири вирусот несвесен за својата болест. Вирусот може да зарази голем број животински видови, што може да го забрза неговото ширење. Инфекцијата е можна преку директен контакт или консумирање на контаминирана храна.

Носителот на вирусот нипа може да доживее респираторни симптоми, кашлица, болка во грлото, умор и енцефалитис, односно воспаление на мозокот што може да предизвика смрт. Може да се каже дека ова е болест чие ширење СЗО сигурно сака да го спречи.

Бидејќи вируспт нипа е опасен, владите ширум светот сметаат дека има биотерористички потенцијал, па затоа само неколку лаборатории во светот се овластени да го чуваат.