На 12.11.2025 година во 19 и 30 часот во просторот на КСП Центар – Јадро ќе се отвори изложбата „Плацебо“ на авторот Иван Аџиевски.
На својата шеста самостојна изложба авторот ќе престави уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои ќе бидат застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот за негово ослободување од секојдневниот стрес и визиуелизација на една друга реалност и димензија.
Изложбата е подржана од Општина Центар – Скопје.
Текстот Ликовна изложба „Плацебо“ на Иван Аџиевски во Јадро е превземен од МАКФАКС.
		





















