По двомесечна пауза, вечерва продолжува натпреварувањето во Лигата на шампионите, а закажани се и првите натпревари од осминафиналето.

Секако, фокусот е на натпреварот на „Камп Ноу“ каде тимот на Барселона ќе го пречека ПСЖ. Овие екипи имаа спектакуларни пресметки во Лигата на шампионите и сигурно е дека многу возбудувања не очекуваат и вечерва.

Пред мечот има и голема напнатост затоа што во Барселона се лути на челниците на ПСЖ кои во претходните недели отворено кажуваа дека сакаат да го донесат Лионел Меси во своите редови на лето

Натпреварот се игра од 21 часот, а шпанските медиуми веќе ги објавија веројатните состави на двата тима.

Веројатно составот на Барселона: Тер Штеген, Дест, Мингуеза, Ленглет, Жорди Алба, Бускетс, Педри, Дембеле, Гризман, Меси.

Веројатно составот на ПСЖ: Навас, Флоренци, Маркињос, Кимпембе, Курзава, Верати, Паредеш, Гује, Сарабија, Мбапе, Икарди.

loading…