Само неколку часа откако соопшти дека не е продолжен договорот со нашиот Џани Алиоски, тимот на Лидс ангажираше лев бек. Станува збор за фудбалерот на Барселона Жуниор Фирпо. Како што соопшти англискиот тим, Фирпо потпича четиригодишен договор, односно се обврза за соработка до 2025-та година. Финансиските детали не се познати.