Претседателот на партијата „Македонски концепт“, Петар Богојески во гостувањето во Отворено студио на Тв24 изјави дека Македонија ќе биде првата земја која ќе го забрани носењето на бурка.
„Граѓаните ќе препознаат дека ние сме единствената структура во земјата која е отворена за забрана за бурки во Македонија, да предложиме Закон за заштита на државноста на републиката. Ќе се научиме на граѓанска држава. Се европеизираме. Европските стандарди ги пресликуваме во Македонија. Европски стандард е слобода на верски убедувања, а не промоција на верски радикализам. Дел од невладините организации работат за надворешни структури, за Саудиска Арабија, се носат огромни пари од таму, се злоупотребува религијата и верските објекти. За еден млад образован човек од Чаир да отиде во ИСИС и таму да убива деца во име на исламот и да се врати во Скопје и Македонија тоа да го толерира – тоа е недозволиво“ – вели Петар Богојески, Македонски концепт во Студио 10 на ТВ24.