Лидерот на „Исправи се! Мафијата надвор!“, Маја Манолова, која е поранешен омбудсман на Бугарија, изјави дека се подготвени на првиот ден од новиот парламент да достават предлог за комисија за ревизија на владата на премиерот Бојко Борисов. Нејзината изјава беше за Бугарското национално радио.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Манолова е категорична дека „ќе имаат силна, подготвена, дефинитивна парламентарна група“. Таа најави дека разговарале на оваа тема со партијата на Слави Трифонов и ја поддржале оваа нацрт одлука … Тие ќе инсистираат секој ден да има парламентарна контрола над секој од министрите од владата на Бојко Борисов. Прв кој ќе биде повикан во новоизбраниот бугарски парламент ќе биде министерот за финансии. Манолова објави дека нејзината партија ќе инсистира парламентот да донесе одлука за финализирање на Националниот план за одржливост и развој од страна на Националното собрание, така што тој ќе биде испратен во наведениот рок и Бугарија да не ја пропушти можноста да добие средства од Европската унија.
„На луѓето им треба свеж воздух. Да се верува дека има институции кои работат за нив. Луѓето чекаат итна акција”. Формацијата на Маја Манолова во новиот бугарски парламент ќе има 14 пратеници.