„Лидерите на коалицијата ВЛЕН, присутни во срцето на инаугурацијата на претседателот Трамп, силно ја покажуваат својата посветеност на интересите на Албанците во Северна Македонија. Ова големо учество во светската престолнина, Соединетите Американски Држави, е историски момент што ги покажува нашите блиски врски со западната демократија и нејзините вредности“, велат од ВЛЕН.
„ВЛЕН е таму за да покаже дека Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД. Но, оваа љубов кон Америка честопати ја злоупотребуваа некои нечесни политичари, кои го искористија ова благородно чувство за да се збогатат и да ги газат интересите на народот.
Албанците сега знаат, ВЛЕН е вистинскиот глас на албанските интереси и сојузи со САД! Коалицијата ВЛЕН е силата која носи вистински промени и е надеж за иднината на Албанците! Сите сега знаат дека со ВЛЕН, Албанците ќе имаат светла иднина!“, соопштуваат од ВЛЕН.
Текстот Лидерите на ВЛЕН на инаугурацијата на Трамп: Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД е превземен од МАКФАКС.