Лидерите на Европската унија денеска се согласија Хрватска да се приклучи на групата земји кои го користат еврото, со што бројот на земји со заедничка валута од јануари ќе достигне 20.
„Еврото е монетарен израз на нашата заедничка судбина и е дел од нашиот европски сон“, рече претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, кој претседаваше со самитот на блокот во Брисел.
„Сега сонот се остварува за Хрватска“, додаде Мишел.
По разговорите со европратениците и Европската централна банка, процесот ќе заврши со очекуваното усвојување во јули на три правни акти што ќе ја овозможат промената.