Во фокус на денешната законодавно-правната комисија денес во Парламентот ќе бидат измените на Законот за лични карти кои со старото уставно име ќе имаат важност најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Новиот предлог закон опфаќа промени во подзаконските акти со кои се уредува самиот образец на барањето за издавање лична карта .

Новиот закон автоматски ќе предизвика и промени во , образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, како и во постапката за издавање и менување на личната карта, потоа во начинот на водење и евиденција за издадените лични карти.

Предлагач на овој закон е Владата која тврди дека неговото донесување нема да донесе никакви импликации.