Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград го уапсиле О.Ж. (1984) по потерница од Северна Македонија за издржување затворска казна за убиство извршено во Македонија, oбјави денеска Министерството за внатрешни работи.

Постапката против О.Ж., на барање на македонското Министерството за правда, а во согласност со Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, е префрлена на српските правосудни органи.

О.Ж.  ќе биде изведен пред Вишиот суд во Белград според потерницата распишана од Македонија за издржување затворска казна за кривично дело убиство.