Лицата со попреченост да се стават во приоритетните групи за вакцинација против ковид-19, апелираат до канцеларијата на Народниот правобранител.
Tие направиле анализа на Националниот план за вакцинација и никаде не ги сретнале лицата со попреченост како и оние што се грижат за нив, без разлика дали се членови на нивните семејства или асистенти. Со ова барање се обратиле и до Премиерот и до Министерот за здравство.
Во меѓувреме во внатрешноста вакцинацијата на возрасните граѓани се одвива без проблеми. Досега во Струмица се вакцинирани 330 лица. Струмичани велат дека едвај чекаат да има вакцини за сите, сметаат дека само така ќе се заштитат.
Во Струмица пристигнаа 600 вакцини Астразенека за вакцинирање на возрасни над 77 години.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.