Либанските власти денеска соопштија дека меѓу загинатите во израелскиот напад е и градоначалникот на либанскиот град Набатие.
„Градоначалникот на Набатие, Ахмад Калил, беше меѓу убиените во израелските напади врз општината на овој јужен либански град каде Хезболах има влијание“, соопштија властите, објави лондонски Гардијан, цитирајќи либански медиуми.
Гувернерот на провинцијата Набатие, Ховаида Турк изјави дека „градоначалникот бил маченик во израелскиот масакр“ во општинската зграда.
Текстот Либан: Градоначалникот на Набатие и уште пет лица загинаа во израелски напад е превземен од МАКФАКС.