Со 1200 амандмани од Левица и 760 од ВМРО ДПМНЕ, опозицијата ќе се обиде да ги спречи  најавените измени на Законот за здравствена заштита, објави Телма.

Очекувале да биде повлечен цел закон, а не само со амандмани да се повлечат спорните измени, за кои од владата се предомислија.

По денешната комисија за здравство, која  беше прекината поради големиот број на амандмани, изјавија дека воопшто не сакаат да разговараат за теми кои овозможуваат влез на приватни фирми во дејности како трансплантацијата на органи и итната медицинска помош.

Опозицијата тврди дека никакви амандмани не стигнале во Собранието, иако од мнозинството се категорични дека веќе поднеле амандмани, со кои ќе се повлечат спорните делови од законот за кои реагираа и од здружението за трансплантација.

Од мнозинството се децидни дека спорните делови ќе бидат повлечени,        но не и целиот закон.