Поднесена е интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери. Ова го соопштија пратеникот од Левица Димитар Апасиев и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на денешната заедничка прес конференција.
Тие дадоа образложение со три главни причини: поради тоа што Џафери во обраќањето на Самитот на Европскиот парламент говорел само на албански јазик, потоа за начинот и примената на албанскиот јазик во Собранието, како и за гласањето на пратениците во Собрание.