Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја одби отворената покана од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да им се придружи во, како што вели, заедничката борба за рушење на власта предводена од СДСМ и ДУИ. Како што вели Апасиев, нивната цел не е некого да донесат на власт, туку Левица да стане власт.
Апасиев на Фејсбук порача:
Мицковски на телевизија: „Подаваме рака на Левица да се обедини ОПОЗИЦИЈАТА“!?
Мицковски во реалноста:
– двегодишна забрана на ТВ Алфа да кани гости од Левица;
– Курир, Република, Нетпрес и остали вмроидни куртон-медиуми со месеци наназад водат валкана кампања против Апасиев („пудлицата на Заев“) и Левица, по директива на Белата палата;
– договара легализација на дивоградби со Заев у четири очи, во корист на урбаната мафија;
– аминува фингиран Попис, за вештачки демографски етно-инженеринг на Македонија;
– ќути на двојазично Собрание (и остава двајца пратеници да ја бијат битката со Џафери и ДУИ);
– прифаќа етницитет во лични карти, коо да сме Руанда;
– прави кворум на Закон за државјанства, за косоваризација на МК (со цел да им се додвори на наци-фашистите од Алијанса);
– малициозно спрема покварени измени во Изборен законик, со снајперски оган насочен директно против Левица (фб-рекламирање)…
И, кога после се, идат анкетите пред Локални – гледа дека без Левица нема победа!? И ај си вика, ова дечиштава, ќе им фрлам коска, ќе ги омекнам!?
Види вака друже.
Скроз си ја зрешил сликата за нас.
Политичкото рацио на Левица не е да донесе некого на власт!
Политичкото рацио на Левица е да стане ВЛАСТ.