Доколку откажувањето од македонското име, знаме, народ, историја, јазик и идентитет се условите за зачленување во Европската Унија, тогаш тоа не ни треба! Овие барања се неприфатливи за Македонија! Квази-политичката елита, без ни малку знаење и умешност влегува во дипломатска игра без реципроцитет, дозволува еклатантно мешање на внатрешните работи, што го загрозува уставниот поредок на државата, велат од партијата Левица преку соопштение.
Според Левица, членувањето во меѓународните организации, кои практично треба да бидат гарант за еднаквоста помеѓу земјите-членки, покажа исклучителна неприменливост во пракса.
Интеграционите процеси за членување во овие организации е преобразено во фази кои го разнебитуваат македонскиот идентитет.
По ниту еден основ не е дозволиво надворешен фактор да одлучува за промена во сопствениот Устав! Власта мора да застане во одбрана на државниот суверенитет и врз основа на ратификуваните меѓународни договори и веќе добиени пресуди, да се избори за правата на Македонците во Бугарија, се вели во соопштението на партијата.