Коронавирусот направи голема криза во светот на фудбалот, некио клубови згаснаја а некои се пред банкрот.

Во многу лоша финансиска состојба е и Леванте, во кој игра нашиот репрезентативец, Енис Барди. Леванте мора да пријави дополнителни 16.5 милиони евра за да влезе во рамките на финансискиот фер-плеј, па поради тоа размислува да го продаде македонскиот репрезентативец.

Енис Барди се проценува 15 милиони евра, но нема да биде чудно ако Леванте бара нешто повеќе.

Шпанските медиуми веќе започнаја да пишуваат каде може Барди да ја продолжи кариерата, а претходно се поврзуваше со Арсенал, Њукасл, Јунајтед, Валенсија, Фенербахче и Галатасарај.