Европскиот фудбалски гигант Барселона на оригинален начин објави дека на подготовките во Мајами им се приклучил полскиот голгетер Роберт Левандовски.

Advertisements

Каталонците објавија видео на кое Левандовски го носи дресот на Барселона, на плажата во Форт Лодердејл кај Мајами, им се обраќа на навивачите од куќата во која престојуваат чуварите на плажата.

Како што пренесува Sky Sports, Барселона за Левандовски му платила на Баерн 50 милиони евра. Во текот на денешниот ден, Полјакот треба да ги помине лекарските прегледи, да биде официјално претставен и да го одработи првиот тренинг со тимот.

Левандовски во тренинг кампот на Барса во Мајами се појави подготвен за лекарски прегледи, прв тренинг и промоција која треба да се случи денеска во 19 часот по средноевропско време.

Прикажи повеќе