Лестер вечерва го победи Манчестер јунајтед со 3:1 во четвртфиналето на ФА купот на домашен терен.
Во полуфиналето, Лестер ќе игра против Саутемптон. Овој натпревар ќе се одржи на 17 април.
Покрај Лестер, полуфинале во ФА купот денес изборија и фудбалерите на Челзи. Тие во следната фаза ќе се соочат со тимот на Манчестер сити.
Победниците ќе играат за трофејот во финалето закажано за 15 мај.
