ПСЖ претрпе изненадувачки пораз од Нант (1:2), но натпреварот беше во сенка на сериозен проблем во врска со Анхела Ди Марија.
Аргентинецот беше заменет во 62-та минута од средбата со резултат 1:1, што предизвика одредени сомнежи, но по натпреварот протекоа детали за тоа што се случи.
Имено, спортскиот директор на Париз, Леонардо, доби покана и отиде кај Маурисио Покетино и му рече дека Ди Марија треба да биде сменет.
Leonardo leans over to speak to Pochettino. Leonardo gets on his phone, Pochettino then brings Di Maria off & both disappear down the tunnel only for Poch to reappear shortly after
A very strange moment https://t.co/FnCSn2OXOS pic.twitter.com/hMjTPEztXd
— Tom Scholes (@_TomScholes) March 14, 2021
Причината за промената е многу насилен и агресивен грабеж во домот на Ди Марија додека неговото семејство било во куќата.
Аргентинецот потоа брзо отиде дома да провери во каква состојба е неговото семејство, а засега нема многу детали освен потврда дека имало грабеж.
Во последните 18 месеци Серхио Рико, Тијаго Силва и Ерик Максим Чопо Мотинг се само некои од сегашните и поранешните играчи на ПСЖ кои биле ограбени.