Приватните автобуски превозници во Скопје бараат финансиска помош од Владата поради поскапувањето на метанот од 50 на 110 денари. Откако минатата недела ЈСП „Скопје“ побара владина помош, денеска и приватните превозници излегоа со барања. Ленин Јовановски од приватниот превозник „Слобода превоз“ вели дека цената на метанот е двојно зголемена што е најголемо поскапување во споредба со другите земји од регионот и доколку не им се помогне нема да може да возат на сите линии со сегашниот број на автобуси.

-Ние имаме 21 автобус кој вози на метан и со сегашната цена на горивото нема да можеме да издржиме. Затоа бараме Владата да ни даде субвенции, нека ни даде од оние 3 денари еколошка такса што ја собираат. Ќе доставиме барање и до Град Скопје. Градот и Владата мора да најдат решение, двете институции се надлежни. Не може Владата да каже дека не се надлежни, па Скопје е цела Македонија“, вели Јовановски.

Помош од Владата минатата недела побара и ЈСП „Скопје“.