Директорот на компанијата што опслужува дел од линиите на скопскиот градски превоз, „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, информираше дека Град Скопје извршил инспекции во претпријатието, нешто што според него никогаш не се случило досега и што го чувствуваат како притисок. Од компанијата алармираа дека тоа се погрешни методи и воопшто не се во интерес на јавноста, како и дека штрајкот продолжува оти се уште не добиле финансиски средства.  Тој порача дека доколку им се дадат финансиски средства за гориво, јавниот превоз би бил пуштен во функција веднаш, додавајќи дека се свесни за кризната состојба и затоа не бараат целосна исплата, туку тековни средства за да можат да можат превозниците да возат. Инаку, автобусите на приватните превозници Слободна Превоз и Макекспрес не сообраќаат, бидејќи како што велат, Град Скопје им должи пари, но не им ги исплаќа.

-Ова не се слиучило никогаш досега, јас не паметам откога сум, 23 години директор, во просториите да дојдат инспектори на Град Скопје на ваков начин и да забележуваат на некои наши постапувања, односно прават своевиден притисок. Јас го сметам за удбашка метода, која што нема да помогне ништо во оваа состојба, само може да ја влоши. Оној кој што смислил такво нешто дека ќе направи некаков притисок, и ќе не заплаши со некакви казни од 2, 3, 5 илјади евра, нема да го постигне тоа, бидејќи нас ни се должат милиони, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода Превоз“.