Лекарската Комора на Македонија преку јавно соопштение потенцира дека тие немат надлежност за одземање на лиценцата за работа на клиниката “Жан Митрев“, туку единствен основ за тоа може да биде судска одлука.
Од таму појаснуваат дека според Законот за Здравствена Заштита, имат надлежност да дадат, обновуваат, продолжат или одземат лиценца за лекарите, но дека за тоа првин треба да одлучи судот.
“Кога станува збор за професионалноста на лекарот, Законот предвидува привремено и трајно одземање на лиценцата. Во двата случаи тоа може да се направи само со соодветна судска одлука со која се потврдува дека лекарот извршил кривично дело во врска со лекарското дејствување или направил професионален пропуст или грешка во текот на работата со која трајно направил трајно оштетување на здравјето или смрт на пациентот”, велат од Лекарската Комора.
Одеземањето на лиценцата за работа е тежок акт, објаснуваат од таму па затоа Законот предвидува да може да се спроведе единствено во случај на донесување на судска одлука со која се потврдува дека лекарот направил кривично дело.
“Одземањето лиценца не може да се направи врз основа на лично мислење или убедување на индивидуалци, без да се потврдат појавените сомнежи, бидејќи би преставувало тешко газење на принципите на професијата и можност за слоупотреба. Во овој правец, Лекарската Комора дејствува на што е можно најпрофесионален и најодговорен начин и ги разгледува сите случаеви за кои е донесена соодветна судска одлука”, објаснуват од Комората.