Лекарската комора започнала со оналјн предавања за матичните лекари за начинот на употреба на лекот Ивермектин, кој се користи за третман на болеста ковид-19.
Од следната недела, лекарската комора ќе организира и онлајн дискусија со клиничките доктори за употребата на лекот.
Здравствените експерти предупредуваат дека лекот не се зема на своја рака не мема потреба за залихи за да има за оние на кои навистина им е потребен.
„Лекот Ивермектин може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист којшто е лиценциран. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, во случај лице било во контакт со ковид-позитивен“, велат во министерството.
Тие смируваат дека има доволно количини од лекот, а пациентите не треба да го земаат на своја рака, туку исклучиво со матичен лекар или лекар специјалист
Ивермектинот се плаќа приватно и истиот се издава исклучиво на рецепт. Микробиологот Никола Пановски препорачува граѓаните да не го чуват дома лекот.