Во антиваксерската кампања на социјалните мрежи учествувале и тројца лекари субспецијалисти против кои се поднесени претставки во Лекарската комора. Ставовите против вакцинирањето овие лекари ги ширеле преку Фејсбук.
Од Лекарската комора велат дека за објавите на социјални мрежи нема прецизна законска регулатива за соодветно санкционирање.
За да нема вакви случари кога пандемаијата зема повторно замав и за да се заштита граѓаните од разни дезинформации, Лекарската комора ги повика сите релевантни здруженија на стручна дебата, каде ќе споделат аргументи и препораки кои пациенти не треба да се вакцинираат.
Од комората ги повикаа сите лекари да се вакцинираат и да бидат пример за граѓаните за што поскоро да излеземе од пандемијата.