Десетина јавни личности од државава ја поддржаа големата национална кампања за вакцинација чија порака гласи „Вакцинирај се! Безбедно е, сигурно е!”
Во едноминутно видео, тие ги изразија своите лични ставови за вакцините, но и споделија емотивни сведоштва за нивните искуства со глобалната здравствена пандемија.
Амбасадорот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, професор д-р Никола Пановски, тренерот на фудбалската репрезентација Игор Ангеловски- Мрме, актерките Лабина Митевска и Амернис Нокшиќи, дел од актерите од Преспав, свештени лица од христијанска и муслиманска вероисповед, едногласно посакаа населението да се вакцинира во што е можно поголем број, заради стекнување на колективен имунитет и конечно надминување на кризата предизвикана од Ковид-19.
Кампањата за подигнување на јавната свест за вакцинација е поддржана од Делегацијата на ЕУ, Стопанската Комора, Стопанска Банка, многубројни медиуми и други организации.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.