„Во нашите институции нема слободно место, се чека буквално некој да се испише или да почине, па да се завземе неговото место. Состојбата е тешка, недостасуваат места, загрижувачки е што се поголем број на млади заболуваат и се прават напори сите да се згрижат. Персоналот се бори веќе цела година.“, изјави во емисијата „24 анализа“, лекарот Петар Атанасовски од ГОБ „8ми септември“.
Според Атанасовски рестриктивните мерките не се спроведуваат стручно и во игра влегува политиката. Се одело на играње на корист на политичките партии и едноставно кога требаше да се има избори, мерките се олабавуваа.