Една нова канадска студија, презентирана на 12 декември 2020 година на конференцијата на Националното здружение за липиди, откри дека Васецепа дава резултати во лекувањето на симптомите на лесна до умерен ковид 19.
Во 2012 година, Управата за храна и лекови на САД одобри употреба на Васецепа ( икоапентен етил) за возрасни со исклучително високи нивоа на триглицериди. Лекот доби дополнително одобрение во 2019 година за да се користи како дополнителна терапија за да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести како што се срцев и мозочен удар кај луѓе чие ниво на триглицериди е 150 милиграми на децилитар или повисоко.
Релативно ефтина опција за третман Студијата покажа дека луѓето третирани со овој лек имаат 25% намален воспалителен биомаркер на високо-чувствителен Ц-реактивен протеин (ЦРП), а симптомите на ковид 19 се значително намалени во споредба со пациентите кои не користеле васецепа. „Големо и значително подобрување на симптомите пријавени од пациентите може да обезбеди безбедна, добро толерирана и релативно ефтина опција за третман што може да влијае на морбидитетот поврзан со инфекција на ковид 19“, рече коавторот на студијата, д-р Дипак Л. Бат, професор по медицина на Харвард Медикал, за време на презентацијата.
Овој наод на студијата, како што истакна, треба да се потврди во студијата контролирана со плацебо. Лекот ги намалува воспалителните процеси Д-р Џим Лиу, кардиолог на Медицинскиот центар Векснер во Државниот универзитет во Охајо во Колумбос, ја опиша новата студија како „многу интересна, со ветувачки резултати“. Како што вели, лекот Васецепа е формулација на ЕПА, еден вид омега-3 масна киселина за која е познато дека го намалува воспалението.
– Користењето на лекот на овој начин за ковид 19 е многу креативно, вистинска новина. Резултатите покажуваат дека икосапентан етилот може да го намали воспалението и што е уште поважно, да ги ублажи симптомите слични на грип по 14 дена, вели д-р Џим Лиу.
Воспоставена е врска помеѓу лекот и намалувањето на симптомите Една студија од Канада открила врска помеѓу лекот Васецепа со ублажување на болката во мускулите и респираторни симптоми ковид 19. Студијата била отворена, што значи дека лекарите и луѓето кои го земале лекот биле свесни дека се на терапија и вкупно 100 луѓе кои биле позитивни на ковид 19 учествуваа во него.