Легендарниот анимиран јунак Шрек наполни дваесет години. Шрек е зелениот огар кој ја обожава самотијата во своето мочуриште. Неговиот живот се менува кога во неговото мочуриште ќе се најдат суштества од бајките по наредба на Лорд Фарквард од Дулок. Шрек им вели дека ќе му каже на Лорд Фраквард да ги врати назад. Тој се упатува до Дулок со зборлестото магаре, единственото суштество од бајките кое го знае патот до него.
Шрек е анимиран филм од 2001 година, кој го создаде Дрим Воркс. Гласовите ги позајмуваат Мајк Маерс, Еди Марфи, Камерон Дијаз и Џон Литгоу. Филмот премиерно е прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2001 година, каде се натпреваруваше за наградата Златна палма, што го направи првиот анимиран филм, по Петар Пан на Дизни (1953), кој бил номиниран за оваа награда.
Филмот има многу пофалби од страна на критичарите за хуморот во него, кој е соодветен и за децата и за возрасната публика. Тој се појави во американските киносали на 18 мај 2001 година и заработи повеќе од 484 милиони долари ширум светот, наспроти буџетот од 60 милиони долари.
Филмот го доби и првиот некогаш освоен Оскар за најдобар анимиран филм, а исто така беше номиниран и за најдобро адаптирано сценарио. Шрек беше ниминиран и за шест награди БАФТА, а ја освои таа за најдобро адаптирано сценарио. Успехот на филмот и помогна на компанијата Дрим Воркс да стане главен конкурент на компанијата Пиксар во издавањето на долгометражни компјутерски анимирани филмови.
Филмот го следат три продолженија – Шрек 2 (2004), Шрек 3 (2007) и Шрек засекогаш (2010), два празнични специјали, спин-оф филм и мјузикл.