Поранешниот олимписки првак во борење, Шабан Трстена кој на Македонија и го донесе единствениот златен медал од Олимписки игри, веќе 15-дена се бори против ковид 19 во болница. Дури денеска напиша дека е подобро и се заблагодари на лекарите за нивната пожртвуваност и борба против овој вирус.
-Драги мои, пријатели,добро утро Вог нека е со нас, браќа и сестри, спортисти, професори, уметници, писатели, новинари, студенти и сите мои сограѓани. Се што можам да ви кажам е следно: Имам една замолница, да апелирам до нашиот премиер Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче, градоначалникот на Град Скопје, Петар Шилегов и до сите лидери на политичките партии. Јас сум спортист на 20-от век во нашата држава Македонија, а веќе поминувам 15 дена во борба против еден невидлив непријател наречен Ковид 19. Се уште се лекувам во болница и искрено со свои очи ги гледам овие херои облечени во бело. Некои од тие доктори го загубија и својот живот, а сите други продолжуваат да си го ризикуваат животот за да го спасуваат животот на другите од проклетиот коронавирус. Вака овие три последни денови, јас, односно мојата душа, беше непосредно блиску со смртта, од непредвидливиот непријател Ковид-19. Почитувани добри луѓе, ви се колнам во името на БОГА, немојте да мислите дека јас како голем спортист и шампион го совладав овој голем непријател, не, никако, тоа не е точно. Јас не бев никој пред проклетиот вирус без сила и надеж, напиша Трстена.
Драги мои, пријатели,добро утро Вог нека е со нас, браќа и сестри, спортисти, професори, уметници, писатели, новинари,…
Posted by Shaban Trstena on Friday, 26 March 2021