На изјавите на Груби дека ниту Мицкоски нема да ги спречи проектите за коридорите, реагираше Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Тој преку социјалната мрежа фејсбук напиша:  Груби многу добро знае дека со Христијан Мицкоски нема да му поминуваат криминалите, знае дека ќе одговара и знае дека нема да избега од правдата, затоа и сите напади од него и од Ковачевски се упатени кон Мицкоски, затоа што знаат дека пардон за криминалот нема да има, вели Лефков.