„СДС и ДУИ на само две недели пред заминување од власт донесоа Одлука на влада за зголемување на нотарските тарифи.
Зголемената тарифа беше вистински удар врз џебот на граѓаните и несразмерна давачка која го оптеретува функционирањето на граѓаните и правниот промет.
Наместо за зголемени нотарски услуги повеќе пари ќе останат за граѓаните и нивните секојдневни животни потреби.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува политики кои се за доброто на граѓаните и во нивен интерес. Ја враќаме државата на народот“, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.























