Градоначалниците на СДСМ имале изграден систем на криминални тендери, кажа на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Излегуваат на виделина, додаде тој, матните зделки кои градоначалниците на СДСМ во претходниот мандат ги имаат направено.

„Ќе откриеме скандалозна тендерска постапка спроведена во општина Бутел во времето на мандатот на Велимир Смилевски, градоначалник од редовите на СДСМ. Станува збор за тендер за изградба на ново јавно улично осветлување на територија на општина Бутел во 2021 која го добила компанијата Друштво за производство трговија и услуги Провиз ДООЕЛ увоз – извоз Визбегово Скопје, согласно огласот под број 12277/2021 – вредност на склучен договор со ДДВ, 12.036.000 денари. Компанијата посочениот тендер го добива врз основа на најниска понуда, постигната на јавниот повик ама во т.н. ‘најниската понуда’ која е добиена како збир на единечни цени се крие сериозна манипулација и злоупотреба!“, објасни Лефков.