Лос Анџелес Лејкерс одлучи да се ослободи од Кевон Харис, Завиер Сампсон и Трес Тинкл, со што составот на актуелниот НБА шампион се скрати на 16 играчи, објави „Силвер Скрин и Рол“.

Харис, Симпсон и Тинкл потпишаа со Лејкерс откако не беа избрани на драфтот. Играчите не учествуваа во тренинг кампот на тимот и не одиграа ниту еден претсезонски натпревар.

На Лејкерс им остануваат 16 играчи, од нив 14 со гарантирани договори и двајца со билатерални договори.