Гостувајќи во новата серија чиј продуцент е британскиот принц Хари, а која се занимава со менталното здравје – Лејди Гага откри неколку трауматични искуства кои ги доживеала…
Лејди Гага (35) се потсети на моментот кога сексуално ја нападнал музички продуцент:
„Имав 19 години и работев во музичкиот свет, а еден продуцент ми рече: Соблечи се!“. Јас кажав „не“ и заминав, а потоа сите ми кажаа дека ако не попуштам, тој ќе уништи сè што правам. Не престана со притисоците, а јас само се згрчив и… не се сеќавам…“
Гага не сакаше да го спомене името на продуцентот од страв од тоа што би можело да се случи, па изјави дека таа траума ја поминала така што долго време била физички болна.
„Бев болна неколку недели, месеци потоа, и тогаш сфатив дека тоа е истата болка која ја почувствував кога личноста која ме силуваше ме остави бремена на аголот“, изјави таа.
Гага призна дека со „месеци била силувана“.
Пејачката призна дека овој инцидент ѝ оставил физички и емоционални лузни кои траат се до денес. Поради хроничните болки, докторот ѝ предложил да посетува психијатар кој на крајот установил дека нејзината дијагноза е пострауматско стресно пореметување.
„Имав тотално психотична пауза и неколку години не бев своја. И денес кога ја чувствам болката, тоа е истата болка како по силувањето. Имав неколку магнетни резонанци и скенирања кои не покажаа ништо. Но, телото памти.“
Гага призна и дека често мора да се воздржи од импулсот за самоповредување кој ѝ се појавува
„Дури и кога имам шест добри месеци, доволен е еден лош ден да се чувствам грозно, а кога велам дека се чувствувам грозно, мислам дека сакам да се убијам. Мислам на самоубиство. Се прашувам дали некогаш ќе го направам тоа. Ги научив сите начини да се извлечам од тоа размислување, но тешко е. Знаете зошто не е добро да се самоповредувате? Затоа што потоа станува уште полошо. Мислиш дека ќе ти биде подобро бидејќи на некого му покажуваш: Гледај, ме боли! Но тоа не помага!“.
Гага раскажа дека ова признание не го обелоденила со цел да предизвика сожалување, туку со цел нејзината приказна да им помогне на другите:
„Не го раскажувам ова за да предизвикам сожалување: Искено, ова е многу тешко за да се признае. Сè уште го чувствувам срамот поради тоа. Како да им објаснам на луѓето дека имам привилегии, имам пари, имам моќ, а се чувствувам очајно? Како?“.
„Не сакам оваа приказна да предизвика солзи од сожалување. Добро сум. Сакам оваа приказна да го отвори срцето на некој друг. Бидејќи, како што ви велам: Го поминав тоа и знам дека на тие луѓе им е потребна помош. Моето исцелување е можноста да зборувам за тоа“.