Либерално-демократска партија под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“ утре ќе го бира новиот партиски претседател.

На конгресот од интернационалните гости и поддржувачи на ЛДП ќе се обратат Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги членка на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална Интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските Либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.

Свое претставување ќе има кандидатката за претседателка на Либерално-демократска партија Моника Зајкова.

На настанот освен делегатите ќе присуствуваат и гостите претставници на политичките партии од земјава и странство, како и останати соработници.