Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80 – годишник од Кавадарци. За ова попладнево информираа од СВР Велес.

– Вчера  во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.