Црн пазар на лажни вакцинални сертификати и негативни ковид тестови се појави во Русија додека земјата се бори со новиот бран на заразени со коронавирусот и рекорден број на починати. Властите во Москва денеска соопштија дека е приведен 33 годишен маж осомничен за продавање на лажни коронавирус сертификати на московјани додека полицијата во Санкт Петербург соопшти дека спровеле три истраги за поединци кои продавале лажни сертификати и ковид тестови во градот и околината.
Русија на први јули пријави 672 починати од коронавирусот за 24 часа што е рекорд. Најсилно се погодени Москва и Санкт Петербург, двата најголеми руски града. Додека дневната бројка на новозаразени е неколкупати помала во Санкт Петербург во однос на Москва, бројката на починати како последица на ковид е повисока отколку во главниот град.