Министерството за образование преку соопштение се огласи откако на социјалните мрежи почна да се шири вест дека ќе се воведува сексуално образование од второ одделение. Како што велат од таму, Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем.

Во соопштението од МОН се вели:

-Категорично ги демантираме невистините проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното образование.  Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем. Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем.

Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Бараме одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на  цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието.