Еден човек од Тексас беше осуден на повеќе од една година затвор за ширење лажни информации поврзани со Ковид-19 на социјалните мрежи.

„Кристофер Чарлс Перез (40) објави две заканувачки пораки на Фејсбук во април 2020 година, лажно тврдејќи дека платил некој заразен со Ковид-19 да лиже предмети во продавници“, соопшти Канцеларијата на американскиот јавен обвинител.

Перез беше прогласен за виновен за две точки од обвинението за кршење на федералниот закон кој ги криминализира лажните информации и измамата со биолошко оружје, изјавија обвинителите, пренесува Си -Ен -Ен.

Тој ги објавил овие лажни тврдења на социјалните медиуми со цел да ги заплаши луѓето во време кога коронавирусот почна да се шири во Соединетите Американски Држави.

Покрај 15-месечната затворска казна, Перез треба да плати и парична казна од 1.000 долари.