Во врска со ова реагираа и од платформата за собирање донации „Икрауд“. Од таму велат дека објавата најверојатно е направена со користење на вештачка интелигенција.
„Низ онлајн просторот кружи вирална објава за донации со име Не можам да ја издржам болката додека гледам како полека исчезнува <imgsrc=”” alt=”💔” class=”wp-smiley”> и фејсбук страна Животот на Даниел значи сè со која онлајн се собираат средства за експериментален третман на извесно детенце Даниел.
Објавата е ставена на домен https://be.dawnofchild.org/ и е наводно организирана од фондација DAWN OF A CHILD INC. од САД.
Сакаме да го свртиме вашето внимание дека такво правно лице не постои (види доказ во слика). Досега се собрани значителни средства и има речиси 1000 донатори од кои многумина во Македонија и Бугарија. Доменот е регистриран во Исланд, каде што многу често измамниците регистрираат домени со цел да го скријат својот идентититет. Станува збор за измама, не наседнувајте на истата.
Линк до објавата очигледно креирана со вештачка интелигенција – https://be.dawnofchild.org/danielm
Проширете ја веста за да не се лажат граѓаните и охрабрете ги тие кои наседнале да пријават во МВР за полицијата да влезе во трага. За оние кои наседнале, имате траг во своите банкарски изводи и истите доставете ги во МВР кој има право лесно да добие податоци за измамниците. Исто, доколку сте се претплатиле, веднаш барајте од матичната банка да ви ја укине претплатата за да не ви се одземаат средства секој месец“, се вели во објавата.
Текстот Лажен апел за болно дете кружи на „Фејсбук“ е превземен од МАКФАКС.